Заев: За сите е јасно, има фантомски гласачи и мора чист Избирачки список

0
1582

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево се сретна со амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски.

Се разговараше главно за актуелната политичка ситуација во Македонија и условите што треба да се исполнат за фер и регуларни избори.

Заедничка е оценката дека се неоходни фер избори, за Македонија да се врати на демократскиот европски пат од којшто застрани и дека мора да се исполнат договорените предуслови.

-Веќе за сите е јасно колку фантомски гласачи има во Избирачкиот список. Граѓаните деновиве и практично се уверија во тоа откако е јавно објавен од ДИК актуелниот Избирачки список. Секојдневно реагираат за разни воочени неправилности и злоупотреби. Ова само потврдува дека клучно за фер и регуларен изборен процес потребен е чист и доверлив Избирачки список, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев посочи дека важно за фер предизборен и изборен процес е и регулација на медиумите коишто во најголем дел се под целосна контрола на власта.

На средбата стана збор и за механизмите што ги употребува власта на ВМРО-ДПМНЕ во обид да го дефокусира вниманието од отворените истраги против нивни високи функционери.

–Се обидуваат со разни притисоци и измислици, се обидуваат да поттикнат меѓуетнички тензии. Тоа на актуелната власт повеќе не и поминува кај граѓаните, рече претседателот Заев.

На состанокот се разговараше и за предизвиците и начините на справување со бегалската криза со којашто се соочуваат Македонија, регионот и Европската унија.