ЗАЕВ ЗА СЕЛА И МИЦКОВСКИ : СЕ ДОДЕКА ВАКА СЕ ОДНЕСУВААТ ЌЕ ГУБАТ НА ИЗБОРИ, НАМЕСТО ДА ПОНУДАТ ИДЕИ И КВАЛИТЕТНИ ПОЛИТИКИ ТИЕ ЛЕШИНАРАТ ВРЗ ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА

0
1079

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села, дадена во 24 Анализа на ТВ24, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.

„Мицкоски да дојде премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи. Се додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Другата алетрнатива  е ова: заедништвото, инвестициите, повисоките плати, придонес во БДП“ – истакна Заев.

Во однос на понудените оставки рече дека нема дополнителен коментар.

„Трагедијата не погоди сите и ќе ја паметиме цел живот. Изгубивме животи. Да ги причекаме форензичите извештаи“ – нагласи премиерот.