Заев: За разлика од Груевски кој во 2016/17 не успеа да формира Влада, јас ќе успеам во тоа!

0
1069

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев има рок од 20 дена да формира нова Влада и тој е убеден дека ќе успее во таквото нешто, за разлика од како што рече, Никола Груевски, кој во 2016/2017 година не успеал во тоа.

„Ние имавме таква ситуација во 2016/2017 година, кога тогашниот мандатар Никола Груевски не успеа да формира Влада за рок од 20 дена. За разлика од него, јас сега ќе успеам да формирам Влада“, рече Заев.