Заев за личните карти: Ќе ги следиме европските директиви, да најдеме решение што ќе приличи на мултиетничка Северна Македонија

0
1000

Дијалогот е отворен, законските решенија ќе одат во Собранието, тука се амбасадорите на земјите членки и Европската делегација да ни помогнат и сите заедно ќе изнајдеме убаво решение што ќе приличи на мултиетничка Република Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев во врска со етничката припадност да се впише во личните карти.

Премиерот рече дека ќе ги следат европските препораки и оти тоа за нив впишувањето етничка припадност е прифатливо, бидејќи, рече сме мултиетничка земја.

-Државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Етничката определба е определба на секој граѓани. Дури и Струмица е повеќе етничка, а не Македонија, сме навистина мултиетничка земја и правото на определба треба да го почитуваме. Во тој дел ќе ги слушаме и европските директиви заради тоа што сакаме да бидеме членка на ЕУ. Може да се изнајде решение на определба за да нема каква била дискриминација или каква било пречка, рече Заев.