ЗАЕВ Е ЧУДО ОД ПОЛИТИЧАР, И ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНА ПАНДЕМИЈА ГИ РАСТЕ ПЛАТИТЕ : И во година на пандемија и економска криза, просечната плата зголемена за 1.800 денари

0
1209

Добрите економски политики на СДСМ и на институциите што ги предводи вродуваат со плод, дури и во време на најтешката светска здравствена и економска криза, предизвикана од коронавирусот.

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата во државата на годишно ниво бележи раст од 7%.

Просечната плата во ноември 2019 година изнесувала 25.787 денари, а во истиот месец 2020 година е зголемена на 27.588 денари, односно за 1801 денар.

Ова е само уште еден доказ за успешните економски политики што ги креира и реализира Владата предводена од СДСМ.

Се грижиме за сите, го враќаме достоинството на работниците.

Продолжуваме посветено да креираме одговорни економски политики кои ќе доведат до рестарт на економијата и уште побрз раст на платите.