Заев до иселениците: Помогни и на Македонија да има фер и демократски избори!

0
1340

Помогни и на Македонија да има фер и демократски избори! Помогни им на сите нејзини граѓани да знаат дека тајноста на гласањето е гарантирана и дека законот важи за сите, се вели во апелот на лидерот на СДСМ до нашите иселеници.

„Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија кои живеат и работат во странство, кои сакаат да помогнат за фер и демократски избори, да се пријават за наши набљудувачи во избирачките одбори во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство.

За да се пријавите потребно е да ги испратите вашите контакт податоци (име и презиме, адреса, телефон и е-mail за контакт) на следниот e-mail: [email protected] најдоцна до 23.10.2016 година. Потенцирајте во кое ДКП можете да учествувате како набљудувач (во прилог е списокот на сите ДКП каде ќе се реализира гласањето во странство). Секој наш граѓанин посакува Македонија да стане подобра. Да го направиме тоа заедно“, напиша Заев на својот фејсбук профил.