Заев го потврди огромниот протест на опозицијата во Мај : Ова нема да биде протест од тие “дојдовме сите тука, протестиравме и заминуваме“, ќе се истури народ по улиците и тогаш нема застанување!

0
894

zaev 28 apr

Лидерот на СДСМ потврди дека во мај ќе има голем протест во Скопје, но не откри детали за датумот и начинот како ќе се протестира.

Шпекулациите се секакви, ќе има невиден протест во мај, но датумот ќе го определиме со граѓаните.

Не може опозицијата своето сценариото да го објави сега и не е наше монополско право да се бориме за слободата. Ако барате народ да ви се приклучи, ќе го консултирате тој народ како тоа да се направи. Во мај ќе има голем протест, ние се обидуваме по градовите, но после тоа ќе се истури народ по улиците и тогаш нема застанување.

Ова нема да биде протест од тие “дојдовме сите тука, протестиравме и заминуваме“, не, тоа нема така да биде, рече Заев.