Заев го најави заминувањето на Груевци од дувлото во Јасен : Час поскоро се очекува институциите да се одблокираат за да може да се конституира Собранието до крај

0
2210

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска рече дека се надева оти институциите ќе бидат наскоро одблокирани.

– Се надевам дека ден поскоро, час поскоро ќе бидат одблокирани институциите за да може да се конституира Собранието до крај – рече Заев за Алсат М.

Тој нагласи дека парламентарното мнозинство прави сѐ што е во негова моќ, во рамки на Уставот и на Деловникот да најде решение за излез од моменталната состојба.

СДСМ и натаму ја има поддршката од албанските партии и со нивните лидери има редовни средби.

– Сакаме да избегнеме насилство, затоа што Македонија е изморена од овој режим, кој ја има окупирано и душата на нашиот народ – додаде Заев.