ЗАЕВ ГО ДОБИ НАЈГОЛЕМИОТ КОМПЛИМЕНТ ВО НЕГОВАТА ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА, АХМЕТИ: ДА БЕШЕ ЗАЕВ ВО 2001 ГОДИНА, НЕМАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ ТОА ШТО СЕ СЛУЧИ

0
1216

Да беше Зоран Заев во 2001 година немаше да се случи тоа што се случи, искоментирал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната конференција во Скопје по повод 20-годишнината од Рамковниот договор. Тоа им го пренесе на присутните, организаторот на настанот, првиот вицепремиер Артан Груби.

Кога премиерот Зоран Заев заврши со говорот, Груби се наврати на забелешката од почетокот, додавајќи:

“Кога реков, да беше Заев во 2001 година сигурно ќе го потпишеше Рамковниот договор, Ахмети ми дошепна, да беше Заев немаше да се случи тоа што се случи во 2001 година.”