ЗАЕВ ГИ СТАПИСА КОМУЊАРИТЕ : Пролетва ќе има кадровско проветрување, ќе се заблагодариме на дел од функционерите

0
2219

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Призма“ за пролетва најавува можни кадровски промени во инситуциите, а „рекапитуларот“ по десет месеци од изборот на Владата, како што вели, може да предизвика и нејзина реконструкција.

„Се раководев од критериуми и услови да им ја дадам довербата на луѓе во кои стартно верував. Можете да ги погодите комплетно, да погодите дел од нив или да промашите дел од нив. Добро е што тоа е на увид на јавноста, и што се дебатира“, се согласува Заев.

– Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција. Ќе следуваат кадровски промени. Не сакам никој да ја изгуби шансата. Ако не е за првото место, можеби ќе биде за второто, третото, четвртото…Има огромен дел кои многу сакаат да се докажат, но не знаат. Тука се и новите генерации кои доаѓаат, и веројатно, паралелно и учат. Има дел кои знаат и се трудат. Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат. Рекапитуларот ќе се случи десетте месеци од стартот на Владата, напролет, кога на дел од нив ќе им се заблагодариме. Немаме многу време, а граѓаните чекаат резултати. Рекапитуларот може да предизвика и реконструкција. Може да има промена на директори, но и промена на министри, на државни секретари… – вели Заев во интервјуто.

Но, кадровските промени не се доволни, а засега нема информација до каде е предистражната постапка на ОЈО за „двајца пријавени функционери од власта“, кои пред неколку месеци тој ги спомна во контекст на битката против корупцијата.

„Истрагата е работа на обвинителството. Се што доаѓа како индиција, наша должност е да го процесуираме до истражните органи“, вели премиерот. Лично тој поднел две-три пријави, а некои институции – и други.

„Кај мене стигнаа некои укажувања. Кога ги соопштив како пример, тогаш беа два случаја. Но, јас не треба да судам. Се што било испратено до мене, сум го испратил до Обвинителството, но запознавајќи го за тоа и раководното лице – директор или министер, кој е надлежен на пријавеното лице. Без разлика како ќе заврши истрагата, за мене и тие индиции се доволни дека тие лица не треба да го продолжат мандатот. И по актуелните конкурси верувам дека сите што беа в.д. нема 100 % да останат на истите позиции“, категоречен е Заев.

Но, и некои расчистени случаи, ги следат контраверзи. Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Александар Донев, беше „приземјен“ поради авио-билет за бизнис класа, но на истата седница на која беше разрешен Владата ја прифати неговата програма за работа Агенцијата. Премиерот смета дека нема морален лупинг во оваа постапка.

„Програмата е доставена со потпис на директорот, но е плод на работата на институцијата. Може да се случи програмата да стигне по пошта и по два дена откако бил разрешен директорот. Директорот само го процесуира она што институцијата го сработила. И јас ја потпишувам програмата на Владата, но не ја работам само јас, туку сите заедно во консултација со министрствата и стручните служби. Во случајот со Донев, верувам дека се работи за добар кадар, и не беше во прашање кривично дело, туку етичкиот аспект: како се однесуваме кон средствата на граѓаните – дали ќе бидеме штедливи или расипнички настроени“, вели Заев.

Тврди дека не слушнал оти имало користење службени картички за шопинг, но ако има има такви потврдени информации – би сакал да ги знае.

Целото интервју на Призма на следниот линк ОВДЕ..