Заев, Вучиќ и Ѓукановиќ одблиску ги видоа последиците од земјотресот во Драч

0
1207

Претпладнево во пристанишниот град Драч, кој беше едно од најпогодените подрачја од разорниот земјотрес што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември, престојуваат премиерот Зоран Заев, српскиот и црногорскот претседател, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ во присружба на албанскиот премиер Еди Рама.

Нивната посета на Драч е со цел одблиску да се запознаат со состојбата по земјотресот. Посебно се задржаа во комплексот каде има 185 станови кои останаа празни поради големите оштетувања. За безбедноста, според „Ора њуз“ телевизија, се грижат голем број полициски сили.

По Драч тие се враќаат во Тирана, каде во хотелот „Рогнер“ ќе го одржат третиот состанок на иницијативата „Мини Шенген“ која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните. На состанокот најавено е присуство и на претставник на амерканскиот Стејт департмент.

Првиот состанок беше одржан во Нови Сад, вториот во Охрид, додека следниот најавено е дека ќе биде во Белград.