Заев во Битола: Прочистување во судството мора да има, да се одвојат чесните од нечесните судии и обвинители

0
1108

Мора да направиме прочистување во судството, затоа што тоа негативно влијае врз одредени појави во нашето општество, и да ја обезбедиме правдата, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Битола.

-Уште веднаш пристапуваме кон целосно прочистување на судството. Да се започне и детална проверка на нивните имоти и имотите на нивните семејства. Ги повикав и ЕУ преку нивни механизми да се вклучат во процесот. Мора да се одвојат оние кои ја злоупотребиле функцијата и оние чесни судии и јавни обвинители кои чесно ја работат својата работа.

Мора да ја зајакнеме правната држава, затоа што без владеење на правото, нема целосен напредок за државата, порача претседателот Заев во Битола.