Заев: ВМРО-ДПМНЕ нема ни компас ни џи-пи-ес!

0
782
Остри критики упати лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев кон ВМРО-ДПМНЕ, од каде произлезе информација за можно затворање на фабриката Дрекслермајер.

Таквото нешто предизвика паника кај вработените во оваа фабрика, во која се ангажирани многу луѓе од разни градови од Северна Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ нема ни компас ни џи пи ес. Ќе останат во опозиција да си ја обноват партијата. Да се лажат кавадарчани дека Дрекслермајер ќе се затвори е срамно за вакви политичари. Да се лаже за патот Градско-Прилеп е надвор од сите нормалности“, истакна Заев.