Заев: Вистинските реформи доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември

0
862

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Чарлс Купчан, виш директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД, со кого разговараше за моменталната состојба во Македонија и предизвиците за спроведување на неопходните реформи за кредибилни избори во декември.sredba Zaev_Kupcan2

Претседателот Заев посочи дека е важно да се завршат договорените процеси до крајот на овој месец, во делот на прочистување на Избирачкиот список и професионалното известување на медиумите, за да се отвори пат за избор на техничката Влада.

– Зборуваме за реформи кон минимално исполнување на критериумите за фер и кредибилни избори. Тоа е гаранција дека ќе се почитува слободната волја на граѓаните. Вистинските реформи во земјава, коишто ќе ги почувствуваат граѓаните, доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември, оваа година – рече Заев.

Во таа насока Заев го претставил програмскиот концепт на СДСМ за подобра и сигурна иднина на сите граѓани во Македонија.

– Суштинските реформи коишто ќе ги спроведе новата, одговорна Влада, ќе донесат економски напредок на земјата, департизација и професионализација на институциите, владеење на правото и слобода на медиумите – додаде Заев.

На средбата, заеднички беше оценето дека за иднината на Република Македонија клучно е враќањето на земјата на нормалниот колосек и патот кон евро-атланските интеграции.