ЗАЕВ ВЕРУВА ВО СВОЈАТА СОПАРТИЈКА : Очекувам да се докаже невиноста на Ременски

0
968

– Лично верувам во невиноста и презумцијата на невиност и час поскоро ќе очекувам да се докаже таа невиност, за секако да може Фросина Ременски повторно да се врати во органите и телата на партијата, рече  денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со неговиот колега Марјан Шарец.

Премиерот најави дека партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање на Ременски од  централниот и извршниот одбор.

На пратеничка Фросина Ременски осомничена во „Рекет“ и е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд.