Заев: Банките агенти инволвирани во издавањето на еврообврзницата веднаш да го запрат процесот

0
1250

Соопштение на СДСМ:

Лидерот на опозицијата во Македонија,  Зоран Заев, побара од 4-те банки агенти инволвирани во издавањето на 450 милионската еврообврзница веднаш да го запрат процесот, откако Министерот за правда Валдет Џафери, како единствен застапник на Министерството, на телевизија Телма потврди дека од нив формално не било побарано мислење за правната важност на еврообврзницата. Според тоа издавањето на еврообврзницата е нелегално.

Во изјава за телевизија Телма во текот на вчерашниот ден, Министерот за правда потврди дека:

 ‘Министерството за финансии нe се обратило службено да побара мислење во Министерството за правда.  До овој момент, од  Министерството за финансии до Министерството за правда немаат доставено некакво барање во врска со да дадеме ние правно мислење за еврообврзницата. Министерството за правда е застапено  од Министерот.’

Министерот за финансии, Кирил Миноски и Вицепремиерот за економски прашања, господин Владимир Пешевски, при комуникацијата со четирите банки и инвеститорите во неколку наврати потврдија дека издавањето на еврообврзницата е целосно легално и дека Министерството за правда има обезбедено правно мислење кое го потврдува истото. На 18-ти јули, банките агенти организираа 7 минутна телефонска конференција каде Пешевски и  Миноски, свесно ги имаат изманипулирано инвеститорите. Министерот за правда, како претставник на Министерството за правда не присуствувал на конференцијата и на инвеститорите не им било дозволено да поставуваат прашања.

Министерот за правда, Валдет Џафери, кој доаѓа од редовите на албанската партија ДУИ, е единствената личност како претставник на Министерството за правда, на која може да и се упатат прашањата од инвеститорите во врска со законитоста на издавањето на еврообврзницата.

Во очигледен обид да се збунат и изманипулираат инвеститорите, Пешевски и Миноски, на конференцијата ја донеле нивната сопартијка Билјана Бришкоска-Бошковски, која ја обавува функцијата на Заменик министер во Министерството за правда, да присуствува на конференцијата во име на Министерството за правда. Билјана Бришкоска-Бошковски, нема правно овластување да го претставува Министерството за правда и да обезбедува правни појаснувања во такви случаи. Пешевски, Миноски и Бришкоска-Бошковски доаѓаат од редовите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Банките агенти, претходно јавно изјавија дека ќе бараат правно појаснување од Министерството за правда за законитоста на еврообврзницата, но такво немаат добиено, со оглед на тоа што Министерот за правда тврди дека ништо такво не е издадено од страна на Министерството за правда. Нејасно е дали банките агенти не знаејќи соучествувале во процедурата или не биле компетентни или пак биле изманипулирани од страна на претставниците на владејачката партија ВМРО ДПМЕ, односно Вицепремиерот Пешевски и Министерот за финансии Миноски. Како и да е сега е јасно дека Вицепремиерот Пешевски ги има излажано инвеститорите.

Со јавно обраќање кон банките агенти, Ситигруп, Дојче Банк, Ерсте Груп и Сосиете Женерал, како и кон потенцијалните инвеститори инволвирани во издавањето на еврообврзницата, СДСМ денеска предупредува дека правно мислење од Министерството за правда не е обезбедено од единствениот официјален претставник на институцијата и дека целата постапка во себе содржи дејствија на измама, погрешно претставување и злоупотреба на службената позиција.

Новата Влада ваквите обврзници, доколку истите бидат издадени, ќе ги смета за нелегални, неважечки и ништовни и ќе ги превземе сите правни дејства кон сите инволвирани страни и лица кои што се вмешани во целиот процес. Исто така, Новата Влада нема да ги подмирува обврските кои ќе произлезат од ваквите обврзници.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјави: Овој процес на издавање на еврообврзница е целосен неуспех. Целиот процес е јасен приказ за тоа дека однесувањето на Владата е надвор од контрола. Процесот е напор на некомпетентни и неодговорни поединци кои сакаат да ги прескокнат законите и да ги поминат сите граници за само да останат на власт, без разлика на последиците спрема народот, државата и местото на државата меѓу семејството на европските земји. Вицепремиерот за економски прашања и Министерот за финансии треба веднаш да поднесат оставка заради нивното криминално однесување и нивната неспособност.

Сите страни инволвирани во издавањето на оваа еврообврзница, треба сериозно да направат длабинска анализа на нивните процеси. Ние пробавме во повеќе наврати да ги предупредиме сите нив за потенцијалните нелегалности, а ова е најјавниот доказ кој што може да го има. Издавањето на еврообврзницата мора да прекине веднаш, во интерес на земјата, но и на потенцијалните инвеститори.”