Заев: Ако секој ден одиме во маркет и на пазар, можеме и да гласаме

0
1228

Лидерот на СДСМ Зоран Заев од денешната трибина во Струмица ги повика граѓаните масовно да излезат на претстојните избори и да гласаат за коалицијата предводена од СДСМ.

-Ако секој ден сме на пазар, во маркет, во аптека, во кафуле, и таму се задржуваме 15-20 минути, тогаш можеме 2-3 минути да поминеме на гласачко место и да гласаме, каде е побезбедено од сите други места. Да гласаме за број 3, тоа е иста бројка како првата буква од моето име и презиме. Колку повеќе излеземе, толку повеќе мандати ќе освоиме и ќе имаме полегитимно собрание – рече Заев.

Тој побара нов мандат од граѓаните за да продолжат, како што рече, со храбри и мудри одлуки.