Загреб: Поддршка за антивладините протести во Македонија

0
1127

На плоштадот во Загреб и пред македонската амбасада протестираа граѓани со цел поддршка на антивладините протести во Македонија.

zag

„Хрватската иницијатива за поддршка на протестите во Македонија“ му враќи протестно писмо во кое пишува:

-Ви се обраќаме во име на државјаните на Република Македонија населени во Хрватска а кои ги поддржуваат антивладините протести во Скопје и други градови на нашата држава. Во сабота, 23 мај, се собравме пред зградата на македонската амбасада за да го врачиме ова протестно писмо и преку него да укажеме на срамната улога на нашите дипломатски претставници во Република Хрватска во оваа кризна ситуација.