ЗАВРШИ ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА НА ШИЛЕГОВ – СКОПЈЕ СВЕТИ ОД НОВИ УЛИЦИ И БУЛЕВАРИ

0
1498

-И официјално заврши големата градежна офанзива на Градот Скопје во обнова, реконструкција и изградба на нова инфраструктура со пуштање во употреба на двете главни последни улици, односно оваа на којашто сме денеска Васил Ѓоргов и булеварот 8 Септември, пред базенот и хотелот Алксандар Палас. Во текот на оваа есен извршивме сериозна реконструкција на над 40 километри инфраструктура. Еден од главните зафати беше булеварот Александар Македонски, целосно се обновени улиците Васил Ѓоргов, булеварот 8 Септември, 11Октомври пред Зелено пазарче, улицата Востаничка со сите приклучоци за водовод, и мислам дека имавме успешна есен во обнова на инфраструктурата. Остануваат уште овде на Васил Ѓоргов и на некој од делниците на коишто работевме да се доуредат велосипедските патеки и тротоарите со цел да биде заокружен овој процес. Не застануваме тука, новиот пакет на градот е веќе спремен и во текот на следните дваесетина дена треба да започне продолжувањето на изградбата на булеварот Никола Карев од касарната Илинден до клучката со Момин поток и потоа да влеземе во целосно решавање на сообраќајниот јазол кај клучката со Момин поток што е еден од главните сообраќајни јазли – рече Шилегов.

На улицата Васил Ѓоргов извршена е целосна реконструкција на коловозот во должина од околу 1.000 метри, реконструкција на оштетените делови од тротоарите, заменети се оштетените рабници, како и корекции на крстосницата со улицата Франклинг Рузвелт.

Вредноста на проектот е околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата беше завршена во предвидениот рок од 45 дена.