Забрчанец, советник во кабинетот на премиерот: Не е точно дека на фоторепортерите им било забрането да ја проследат лидерската средба, само ги замоливме да сликаат внатре а не пред влезот по сугестија на МВР поради безбедносни ризици

0
1056

Марјан Забрчанец, советник на премиерот за односи со јавност, преку фејсбук изреагира на обвинувањата на дел од медиумите од страна на владата биле спречени да го снимааат и фотографираат пристигнувањето на лидерите на лидерската средба.

-Не е точно дека на фотографите и снимателите им било забрането да ја проследат лидерската средба. На сите претставници на медиумите им е овозможен пристап и за фотографирање и за снимање, сала за работа и сите неопходни услови. Повеќе од 20 сниматели и повеќе од 10 фотографи се внатре и непречено работат.

На самиот влез, безбедносните служби проценија дека просторот кај влезот треба да се ослободи, но тројца фотографии одбија да се упатат во зградата каде што се сите останати претставници на медиумите. Реагираа бурно со напад дека “сме се изживувале”, на што јас одговорив дека станува збор за безбедносна проценка, а не за мој личен став и дека ние не се изжувуваме со новинарите како што тоа се случуваше во изминатите 11 години.

Само што се видов со фотографите со кои настана проблем, разговаравме и се договоривме дека заеднички ќе бараме решенија за подобри теренски локации за фоторепортерите согласно безбедносните стандарди – напиша Забрчанец.