Новинарот Бобан Нонковиќ и актерката Јелена Жугиќ влегоа во претприемачките води и отворија продавница за оружје. Продавницата ќе се вика „Јебо оружје“ што е кованица од првите две букви од имињата на идните сопственици.
Идејата за ваквиот несекојдневен потег на еден новинар и една актерка доаѓа откако сфатиле дека и двајцата се љубители на куршуми. Според најавите продавницата ќе биде снадбена со најразлични видови огнено оружје, но сепак најзастапенa ќе биде муницијата, односно ќе се нудат најразлични видови куршуми, од гумени, ќорци, па се до боеви.
Како едно од многуте изненадувања сопствениците го потенцираат специјалнииот попуст на членови на ГДОМ, како и акцијата гратис гумен куршум за секој испукан боев куршум.
Извор: Коза Ностра