Жители на Ростуше – Маврово обвинуваат, внукот на градоначалникот зема плата за џаболебарење

0
2453

Жителите на Општина Ростуше во Маврово видно револтирани за неработливоста на кадрите вработени во општината тврдат дека Ајдини Ајдин, кој е внук на градоначалникот на Општина Маврово – Ростуше Ајдини Фикрија е вработен во општината но како што велат тие наместо да работи тоа за што е вработен тој се појавувал на работа само во зимскиот период кога завршува сезоната на градежни активности. Жителите на Ростуше велат дека внукот на градоначалникот Ајдини Фикрија се појавувал само во зимскиот период на работа во Општината бидејќи работат приватно на фасади а земаат плата од општината за да им служат на граѓаните на Ростуше.

Наместо тоа велат жителите овие џаболебари се дебело платени но тие не се појавуваат на своите работни места туку работат на фасади приватно а ја запоставуваат работата во општината каде што освен што таму царува непотизмот царуваат и мрзеливоста, неажурноста и двојните аршини.

На фотографиите е објавен Ајдини Ајдин како извршува градежни работи приватно во текот на летната и пролет сезона додека во тоа време треба да е на работа во Општината и да работи за тоа што е платен.

13281814_10206730640764379_796272572_n 13278105_10206730641044386_1558427619_n