ЖЕСТОКА ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ БОКИ ТВ И ,,МАКФАКС” : „Макфакс“ и групацијата „Клип Медиа“ не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

0
1546

Редакцијата на „Макфакс“ и групацијата „Клип Медиа“ целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во иднина ќе ѝ гарантираат слобода на изразување и мислење, осудувајќи ги сите обиди за закани и влијанија од страна.

Воедно, ги осудуваме инсинуациите на Бојан Јовановски, кој вчера на социјалните мрежи напиша дека во тек се преговори за соработка меѓу 1ТВ и „Макфакс“. Нашата редакција со него и со 1ТВ нема никаков договор за соработка, а по вчерашниот негов став, нема никогаш ниту да има.

Оттука, Бојан Јовановски не може и нема да има никакво влијание во однос на уредувачката политика и во однос на новинарите и вработените во „Макфакс“.

„Макфакс“ и цела групација на „Клип Медиа“ и во минатото, а и и во иднина остануваат да бидат една од слободните медиумски зони во Македонија која се придржува до принципите на слободно, професионално, независно и одговорно новинарство, ослободено од било какви политички, партиски и бизнис влијанија.

Извор : МакФакс