ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЕДИНИЦАТА ТИГАР ЗА НОВИНАРСКИТЕ НАПИСИ ЗА СПЕЦИЈАЛКА КОЈА БИЛА НЕЗАКОНСКИ ДЕГРАДИРАНА

0
4475

Да појасниме некои работи кои дотичната особа ги шири по социјалните мрежи

Прво: Драга колешке ТИ никогаш не исполнуваше условите и критериумите да бидеш припадник на елитна единица од рангор на ЕСЗ, затоа што го упропасти селективниот курс односнои бевме приморани да те влечеме, да ти ја носиме опремата на терен, неможеше ниеден марш да изодиш сама, кажи си како те возеа во џип додека ние одевме по 100 километри.

Беше толерирана поради твојот татко кој беше припадник на ЕСЗ. Не исполнуваше ни една физичка активност –задача која ни беше зададена. ОК беше што беше, го пројде селективниот тест, влезе да работиш во група каде направи тотален хаос и раздор помеѓу колегите. Ги испокара затоа што имаше специјалност да флертуваш и влегуваш во премногу блиски односи буквално со целата единица! Дали твојот сопруг кој ни е колега во друга единица е запознаен дека ти му го наруши угледот во очите на сите нас.

Второ: Темпиравте да доаѓате на работа ноќни смени со твоите блиски пријатели од единицата за време на викенд. Неколку пати беше приметено и од помладите генерации како од твојата соба излегуваат чудни звуци и крици кои беа недолични и што ја нарушуваше дисциплината и работната атмосфера во единицата.

Трето: Те знае твојот сопруг уште од Идризово каде направи раздор во тимот и се зближи со колегата Д..(од твојот тим) го испонижи пред сите нас 330 што бевме на обука. Иако татко ти му ветуваше дека ќе работи во ЕСЗ тој период бевте скарани и тој отиде да работи во ЕБР-му ја уништи животната желба. Може и подобро бидејќи единицата ја имате направено семееен бизнис татко ти , ти, брат ти, 3 братучеди дури и чистачката е од вашата фамилија.

Четврто: Ти не си избркана како што шириш лаги дека не си сакала да бидеш мета на озборување, бидејќи драга колешке поголема тема од твојата нема. Ти налета на професионалец кај кого не ти поминаа финтите како кај претходните. Исто така сега нема од твоите на висока позиција да те покрива и штити од твоите глупости скандали и будалаштини.

Петто: Се надеваме дека каде што си моментално на работа не продолжуваш со истата пракса како и досега во твојата „кариера„ бидејќи немаше од тебе никаква корист единствено што направи е кавги на работа помеѓу колегите и конфликти кои се одразија на борбената спремност на единицата.