ЖЕСТОКА ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ ШЕФИЦАТА НА ОЈО И ШЕФОТ НА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА – МУАРЕМИ ДО РУСКОВСКА : АКО ИМАШ ДОКАЗИ ПОДНЕСИ ОБВИНИТЕЛЕН АКТ И НЕ ГИ ВИКАЈ НА ПОМОШ СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ

0
936

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја повикува јавната обвинителка Вилма Русковска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.

Во пишана реакација до медиумите на изнесените ставови на Русковска, Муареми, посочува дека негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело.

„Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за ‘помош’ – нека го потврдат и тие она што jавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзороt над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има“, вели Муареми.

Улогата на еден јавен обвинител, посочува Муареми, најмалку од сѐ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец.

„Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа.  Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета“, стои во пишаната реакција на Муареми.