ЖЕСТОКА БИТКА ЗА ПРИЛЕП – ДР. БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ИЛИ ГОРАН СУГАРЕСКИ?!

0
1181

Битката за татко на градот под марковите кули на претстојните локални избори ќе ја бијат познатиот доктор и специјалист по ортопедија,  доктор Борче Јовчески и екс пратеникот, министер за транспорт и врски и екс в.д. директор на царина,  Горан Сугарески.

Според наши извори поврзани со локалните кандидати за градоначалник во Прилеп дознаваме дека битката ќе биде тешка и жестока помеѓу двата табора на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачката партија СДСМ.

И двајцата кандидати се одличен избор па од нашата редакција им посакуваме успех во битката за татко на градот бидејќи кој и да ги добие овие избори ќе има повеќе од работа во градот каде има талог од проблеми што ќе се наследат што од пред 30 години што од пред 12 а што од пред 4 години нанесени неправди во Прилеп и кон прилепчани.