Жерновски ја рокна режимската директорка на ОУ „11 Октомври“ во Скопје од директорското место како одговорна за труењето на децата во училиштето!

0
992

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, донесе решение со кое ја разрешува Даниела Костадинова од должноста Директор на општинското основно училиште „11-ти Октомври“, соопштуваат од општина Центар.

zernovski

„Советот на општина Центар расправаше за состојбата во училиштето и констатираше сериозни нарушувања на санитарно–хигиенската состојба, со што е загрозено здравјето на учениците. Градоначалникот ја утврди личната одговорност на директорката Даниела Костадинова за нанесената штета по здравјето на учениците и го донесе решението за нејзино разрешување, согласно член 133, став 2, алинеја 3 од Законот за основно образование“, соопштуваат од Центар.

Градоначалникот Жерновски оценил дека директорката Костадинова, како одговорно лице за правилно и законито раководење на училиштето, ги занемарила своите законски обврски и должности и придонела за нарушување на санитарно хигиенската состојба и загрозување на здравјето на учениците.