Жерновски: Две години, 24/7, упорно и упорно барате афери и скандали во општина Центар… па пак ништо

0
1206

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, преку Фејсбук реагираше натврдењата на Прес24 за наводен урбанистички скандал кај пазарот Буњаковец.

zernovski

Според порталот, се работело на план за усвојување на неколку скандалозни ДУП-ови во кои наводно се криеле опозициски бизнис шеми.

„Еден од плановите кои треба набргу да се донесат е измена на ДУП-от Градска четврт 3 10 – локалитет Дебар Маало 1 и дел од Дебар Маало 2, каде што веќе е испланирано на местото на пазарчето „Буњаковец“ да се изгради бензинска пумпа и затворен пазар кој треба да послужи како алиби“, пишува Прес24.

„Интересно, како по правило, сите криминалци сметаат дека останатите се исти како нив. Две години, 24/7, упорно и упорно барате афери и скандали во општина Центар. Формиравте во министерствата посебни екипи за таа намена… па пак ништо“, напиша Жерновски на Фејсбук.

Од општина Центар за утре најавуваат средба на Жерновски со жителите на овој дел за да го слушне нивното мислење.