ЕТЕ И ГО МЛАДЕЖОТ СЕГА : ДУШКО СЕ РАЗВЕДУВА ОД КАРЛЕУША

0
2217

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ поднел барање за развод од Јелена Карлеуша, пишува „Ало“. Тој, според порталот, не сака да ѝ ја прости аферата со Огњен Врањеш, ниту пак да го дели своето богатство со неа. Душко, наводно веќе контактирал со адвокат и сака да го забрза процесот на развод. Тој ја избркал Јелена од Кина, но, како што пишуваат српските медиуми, таа не сакала да си оди оттаму.

Порталот се повикува на близок пријател и соиграч на Душко, кој открил дека неколку часа откако се појавиле секс-пораките меѓу Јелена и Огњен, Тошиќ побарал контакт од добар адвокат за разводи.

„Кога почна целата приказна за сексот на Јелена со Огњен, сите ние што добро го познаваме Душко му рековме дека се ќе помине, ако не се појават докази. Откако беа објавени слики, снимки и пораки и цела Србија ја виде неговата жена со друго момче, тој веќе не можеше да издржи. Најтешко му беше кога беа објавени пораките каде таа на љубовникот му кажува дека Душко ѝ е како брат и го опишува до детали перверзниот секс што сака да го има со него. Е тука Душко пукна“, рекол изворот за „Ало“.

Ни Душко ни Јелена за сега не ја потврдиле веста за разводот.