ЕСА ГО ЕМИТУВАШЕ ПРВИОТ ПРЕНОС ВО ЖИВО ОД МАРС

0
751

Гледачите ширум планетата за прв пат ќе можат да го гледаат Марс во речиси реално време, бидејќи Европската вселенска агенција (ESA) ќе емитува слика во живо од Црвената планета на YouTube.

Сликите на Марс, кои може да се видат на YouTube, на Твитер каналот на ESA и под хаштагот #MarsLIVE, ја прикажуваат Црвената планета на начин каков што досега не е виден, додава ЕСА.

Ова ја слави 20-годишнината од лансирањето на Express Orbiter на Марс – мисија која има за цел детално да направи тридимензионални слики од површината на планетата.

„Обично гледаме слики од Марс и знаеме дека се направени неколку дена претходно. Но, сега сум возбуден затоа што ќе го видам Марс како што е сега, свеж“, рече менаџерот за вселенски операции на ЕСА во контролниот центар во Дармштад, Германија.

Во зависност од позициите на Марс и Земјата во нивните орбити околу Сонцето, порака или слика од Марс може да пристигне помеѓу три и 22 минути.

ЕСА проценува дека ќе бидат потребни 17 минути светлината да ги формира сликите што ќе дојдат од Марс до Земјата, а потоа уште една минута да патува низ жиците и серверите за да се видат на пренос во живо.