Ермира Мехмети ќе го тужи НОВОКОМПОНИРАНОТО КУРТОНЧЕ Васко Ефтов : Ниту еден член од моето семејство, ниту се сомничи, на било кој начин се поврзува со пронајденото оружје

0
1118

За Васко Ефтов: Подолго време не ја следам твојата емисија, бидејќи таа не претставува ниту извор на информации, ниту претставува потврдени факти, ниту пак е некаков веродостоен репер и показател за независно и професионално новинарство.

Но, ми пренесоа дека вечерва си се занимавал со мене и моето семејство. Бидејќи си се обидел да ме клеветиш мене и моите браќа, сметам дека треба да те известам дека утре ќе ти поднесам тужба за клевета, а во прилог ќе ти објаснам и зошто:

Ниту еден член од моето семејство, ниту се сомничи, ниту на било кој начин се поврзува со пронајденото оружје од страна на истражните органи. Да беше професионалец каков што се обидуваш да се претставиш, ќе се обратеше за информација до надлежните органи. Тие најверојатно ќе ти објаснеа за што станува збор, а сигурно ќе дознаеше и дека сопствениците на оружјето се веќе пронајдени и против нив е одредена мерка притвор.

Тие исто така признале дека мојот брат нема никаква врска со оружјето и дека без негово знаење го чувале во подрум кој се води на негово име, а инаку е запуштен и отворен. Ова можат да ти го потврдат и во Основното Јавно Обвинителство во Скопје.

Таму исто така ќе можеше да се информираш дека мојот брат има својство на сведок во истрагата, ама е и оштетена страна, и има целосно право да тужи за предизвикување душевна траума.

Ја разбирам таа потреба од сензационализам, особено кога веќе подолго време не си интересен за јавноста. Но, тоа не значи дека треба да вознемируваш цело едно семејство заради телевизиска гледаност. А бидејќи вечер си се обидел да направиш шоу преку мене и моето семејство, ти најавувам дека шоуто ќе продолжи на суд, со една фина тужба за клевета против тебе.

П.С. Како личност која отсекогаш максимално ја почитувала слободата на мислењето и изразувањето, и како борец за слободни и независни медиуми, воопшто не ми е сеедно да тужам новинар за клевета. Но, принудена сум на ваков чекор бидејќи ја претеравте. Не дозволувате човек слободно да дише од вашите заговори и секакви налудничави подземни непотврдени теории кои ги продавате како алва на народот.

Фејсбук статус на Ермира Мехмети