Емотивно писмо од Брат Љубе од занданите во Идризово: Биди спокојна мајчице моја, ти ветувам дека ќе ти се вратам пред да расцвета џенариката и комшиската липа

0
2393

Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Љубе Бошкоски како порака од затворот во Идризово каде е како политички затвореник, според многу меѓународни извештаи:

Мајко, кога мислам на тебе, силно би сакал да сум кај тебе, сега кога сум ти најпотребен старице моја. Ти ветив ќе бидам покрај тебе кога ќе расцвета џенариката во нашиот двор во Март, сега е 6 јуни, четири години од моето самување во Идризово и девета година како секоја ноќ сонуваш будна наутро велиш ќе дојде чедото мое.

brat-ljube

Мајко моја толку сакам и ова утро да можам од три чешми вода да ти донесам, во блатечкото букаре, да се напиеш ожедната од годинити мачни, да ти ја доподарам љубовта за мајка што се чува.
Ќе те прашам мајчице, расцветаа ли липите во комшискиот двор, се шири ли тој опоен мирис низ Трљачој…уште ли е убаво нашето мало?

Јас мајко го одбрав овој пат уште пред 30 години, кога ти и татко имавте по 63 години, бев млад и имав 24 години…а пред 25 години се зачленивме во ВМРО ДПМНЕ, она нашето – идеолошкото и ти и татко ми и сопругата моја, живеевме заедно и со моите дечиња и го сонувавме сонот македонски.

Целите наши животи мачно, но чесно заработувавме во Хрватска, без двоумење го делевме со ВМРО за Македонија, но колку само силни навреди и понижувања доживувавме 90-тите години и колку навреди доживуваме денес…но и колку љубов?

И ова утре ме разбуди мачниот робијашки загор, гледам низ прозорот и пак необјаснет немир во душата те гледам притисната старице моја и пак сакам многу да ти кажам и да те прашам седнати на широкиот чардак во Челопек од каде се гледа Шара како да е во пред нас во нашиот двор….

Да ти кажам дека ништо во мене не е променето, само е посилна љубовта, бидејќи ти знаеш мајчице дека јас немам две срца едно за љубов друго за омраза, едно е преполно со љубов…но понекогаш тажно, разочарано, страдално но омраза нема, а срцата на моите прогонители одамна мртви се…

Мајко јас знам дека неможам да ги променам состојбите во нашата Македонија, но затоа не има многу со иста цел да ја дворшиме оваа историска задача и тогаш ти ветувам ќе ти се вратам мајко како што пееше нашиот Војо ,,Клетва ти давам Мајко до есен ќе се вратам,,….
Знаеш мајко на разни места не има, можеби е ова најтешкото затоа што овие цела Македонија во робинка ја претвортија…и тие пред владата на барикадите и оние со силните новинарски пера, студентите, научниците, земјоделците…тука сме.

Овие кој зло донесоа, мислат дека цел се тие од власт да заминат…никако да видат дека одамна ,,заминаа,, и не очекувам да ја разберат нашата борба, нивните ненаситни за власт и моќ умови, бидејќи превозвишена е оваа борба за слобода.

Ќе те прашам мајко, најмила старице , зошто никогаш не ми рече зошто ти е потребна оваа борба? Како да ме роди убедена дека кога ќе се прооди низ оваа наша земја, ќе се препнеш на каменот во куќата родна, но пак целата љубов ја враќаш во неа…

Биди спокојна мајчице моја, јас верувам како што веруваа евреите од Мојсие до Голда Меир илјадници години велеа ,,до година се гледаме во Ерусалим,, и успеаа…јас ти ветувам дека ќе ти се вратам пред да расцвета џенариката и комшиската липа…

Те поздравувам Мајко, помоли се за нас, за Македонија…онака како што од детството ми одзвонува твојот глас иако во шепот, навечер го повикуваше Бога да не чува, чедата твои…

Те прегрнувам.