ЕЛЕМ ќе потроши 1,4 милиони евра за еколошки автобуси за работниците во РЕК Битола

0
846

АД ЕСМ (ЕЛЕМ) објави јавен повик за купување на шест нови автобуси за превоз на работниците во РЕК Битола, кои ќе бидат еколошки, со погон на CNG, односно метан, и ќе чинат 88 милиони денари, изјави генералниот директор Васко Ковачевски за време на денешната посета на РЕК Битола.

-Ова е прва ваква набавка на автобуси од 2000 година. Дел од автобусите кои и денес се користат за превоз на работниците биле набавени како половни во 2014 година. Тоа доволно зборува за катастрофалната состојба во која се наоѓа автобускиот возен парк на РЕК Битола – истакна Ковачевски.

Според него, со набавката на новите еколошки автобуси ќе биде зголемена безбедноста и квалитетот на превозот на работниците од РЕК Битола и ќе биде намалено загадувањето.