Европската комисија не ги коментира поединечните судски случаи, особено првостепените пресуди кои се предмет на жалба и на тој начин не се конечни, е одговорот од Брисел за „Слободен печат“ кој го пренесува Плусинфо, на барањето став за вчерашната одлука на скопскиот Кривичен суд, да ги отфрли како неосновани сите докази во предметот прислушување против Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков и други лица, затоа што доказите биле незаконито прибавени и не можат да бидат предмет на истрага.
„Европската комисија очекува од сите судски постапки во земјата да се спроведат со целосно почитување на принципите, како на националното, така и на меѓународното право, вклучувајќи ја и релевантната судска практика во рамките на Европската конвенција за човекови права. Европската комисија очекува специјалниот обвинител да биде назначен и да ја врши неговата/нејзината функција, целосно во согласност со политичкиот договор од 2 јули“, се вели во реакцијата од ЕК.