ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРИЈА, ПЛЕВНЕЛИЕВ: Многу добро ги помнам темните години на режимот на Груевски, и затоа премиерот Заев за мене е светлина во тунелот, надеж за подобра иднина и му посакувам успех

0
1007

Се наоѓаме во историски момент. Бугарија носи голема одговорност за тоа што се случува во регионот. Решенијата кои ќе бидат донесени оваа недела во Софија, Скопје, Берлин и Брисел, со сигурност ќе го сменат правецот на развој. Се надевам дека ќе биде за добро. Посакувам успех, наведува поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев во анализа за софиски „24 часа“.

„Раководството во Скопје не треба да очекува дека под меѓународен притисок Бугарија ќе се откаже од нејзинатѕа богата историја. Не е добар планот на премиерот заев да продолжи да настојува на македонско малцинство во Бугарија, најмалку зашто тоа никогаш не постоело.

Во Скопје се насечирани дека Бугарија нема да го признае нивниот идентите и јазик. Тоа не е точно“, – вели Плавнелиев.

Според него, доброто сценарио е македонскиот премиер, Зоран Заев да почне длабоки реформи, воведувајќи ги европските вредности и принципи во политиката, институциите, учебниците, тајните служби, општеството и пристапот кон историјата. Плевнелиев е дециден дека ќе биде добар чекор доколку Заев и Борисов продолжат да разговараат и да прават компромиси.

„Заев мора да покаже добра волја со елиминирање на вештачкото прашање за македонско малцинство во Бугарија, а Борисов да ја прифати статус-кво состојбата во Северна Македонија“, вели Плевнелиев.

„Многу добро ги помнам темните години на режимот на Груевски, и затоа премиерот Заев за мене е светлина во тунелот, надеж за подобра иднина и му посакувам успех. Но, зад секој успех стои правилен план и пристап како да успееш“, пишува Плевнелиев.