Во интервју за Косовската телевизија, Хамди Ндрецај (командант Пантери), обвини дека Шенаси Мехмети вработен во македонските тајни служби контактирал на Косово со него и сега убиените командант Нато и командант Бег Ризај.
Тој тврди дека на групата им биле ветени пари за правење инциденти и дека водачите знаеле дека Шенаси е близок човек на разрешениот директор на УБК Сашо Мијалков. Еве дел од сведочењето на командант Пантери во интервју за косовската телевизија.
Новинар: Има еден клучен човек, висок претставник на македонската тајна служба кој дошол и се видел со Вас во Феризај (Урошевац)?
Хамди Ндрецај (Пантери): Да, тоа е точно.
Новинар: Кој е тој човек?
Хамди Ндрецај (Пантери): Тоа е Шенаси Мехмети за кого на почеток не знаев дека работи за македонската тајна служба. Но ден по средбата прашав еден човек во Скопје и тој ми рече дека тој е директно пратен од Рафис Алити, пратеник на ДУИ и од шефот на македонската тајна полиција.
Новинар: Во прислушуваните разговори на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај се чувствува дека тие знаат дека тој е агент на Сашо Мијалков.
Хамди Ндрецај (Пантери): Да.