ЕКСКЛУЗИВНО : Уапсен Др. Адил Мустафа, сопственикот на болницата „Шендети”, откако јавно обвини за организиран криминал

0
1390

Пред околу еден час на граничниот премин Ќафасан уапсен е Др. Адил Мустафа, човекот кој денес заедно со својот партнер Борче Чупетрески на прес конференција упати обвинувања за организиран криминал, објави РеволуционерМК.

dr-adil-mustafa11

Докторот од граничниот премин е однесен во притвор во полициската станица во Тетово. Уапсен е додека патувал за Тирана каде што и работи како гинеколог.

Тие јавно потврдија дека се жртви на незаконска активност, во која биле вмешани политичари и банкарски работници, а сето тоа било зачинето и со барање мито, уцени и невидени притисоци, се со цел, како што рекоа, оваа инвестиција да не успее, бидејќи била на „туѓа бизнис територија“. Двајцата велат дека одлучиле своите маки и проблеми да ги споделат со јавноста, за да ги освестат и останатите бизнисмени кои се соочуваат со разни закани и притисоци, да не молчат туку јавно да проговорат.

Еве што кажаа тие денеска – на следниот линк.