ЕКСКЛУЗИВНО : Тутунар од Прилеп открива како мафијата од ДПМНЕ купува тутун за 150 денари од Ромите, а во Тутунскиот комбинат го продаваат за 270 денари!

0
1924

Револтиран тутунар од Прилеп ни пиша во редакцијата за малверзациите што ги прави мафијата на ДПМНЕ при откупот на тутонот.

Интегрално ви го пренесуваме дописот:

Денеска во Тутунски комбинат во Прилеп почнаа да го ценат тутунот класа подолу, за разлика од ценењето пред избори.

Почнаа да ги превртуваат картоните и да се фаќаат за едно ливче. Ако објавиш ќе се задумаат што му прават на земјоделецот, оти сите се револтирани.

Директорите што се таму сакаат да не оштетат вистинските земјоделци поради ВМРОВЦИТЕ кој откупуваат тутутн од кај ромското население за малку пари и го предаваат тутунот прва класа 270 денари и 1 евро премија, а го плаќаат кај ромите по 150 денари кило тутун.

Заради нив нас ни кратат цело време на килажа и на цена за да му дојди просекот како што му е замислен.

Овој просек што го кажуваат е далеку од вистината бидејќи на обичниот земјоделец кој со многу труд го работи тутунот цена неможе да достигни до 160 денари, а ВМРОВЦИТЕ кој имаат пријатели достигнуваат цена од 235 до 240 денари по килограм и плус 1 евро субвенција. Е така си иди просек 190 денари.

НЕКОЈ КУР ТОПОРИ, А НЕКОЈ ЌЕ ГО ГУБИ ЗДРАВЈЕТО.

Ова е невидена лакрдија што се прави.

АМА ЗА СЕ ИМА КАРМА! ИМ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ, ГОТОВИ СЕ, ЗА СЕ ЌЕ ПЛАТАТ!!!

Извор : Мактел.Мк