ЕКСКЛУЗИВНО: ПОРАДИ КРИЗАТА СО КОРОНА, СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ РЕШИЛЕ ЗНАЧИТЕЛНО ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ СУМАТА ЗА ДОНАЦИИ КОЈА РЕДОВНО ЈА ДАВААТ НА БОЛНИ И СИРОМАШНИ

0
2955

Мактел контактираше близок на семејството Заеви и прашавме дали Заеви имаат намера или веќе донирале околу кризата со Корона.

– Тие секоја година донираат голема сума на пари на болни и сиромашни, но оваа година значително ќе ја покачат сумата, веќе донираа во неколку наврати и пари и опрема и маски, за утре спремаат 5500 пакети со храна во вредност од по 1500 денари за сиромашни во земјава, и тука нема да застанат, тие се успешна и добро стоечка фамилија тоа не е тајна нити па од тоа се срамат или пак тоа го кријат, и редовно донираат со години но имаат еден принцип за тоа да не се фалат,  ако вие не ми се јавевте вечерва и да ме прашате, за тоа пошироката јавност немаше да дознае затоа што тие силно веруваат дека е христијански да не се фали човек кога ќе донира, тоа треба да знае само господ и тие на кои им е помогнато.

Затоа немаат навика и практика да се сликаат кога донираат и да праќаат соопштенија по медиумите, но можеби сега ќе направат исклучок околу Корона за да ги мотивираат сите да донираат, ова се навистина многу критични времиња за нашата држава, ваква криза се јавува еднаш во 100 години и сега сите мораме да помогнеме несебично за ова да го пребродиме… Јас сум вработен кај нив и мака мачиме со дечките од маркетинг да ги убедиме малце повеќе да се фалат за големите донации кои ги прават.

Мактел.мк редовно пренесува апели за помош на болни до семејството Заеви и само пред наше сведоштво тие помогнаа на неколку фамилии со суми од околу по 1000е, но сигурно таа сума е многу поголема со оглед дека апелите до нив стигаат од цела држава.