ЕКСКЛУЗИВНО, ПЕКОЛЕН ПЛАН НА РЕЖИМОТ ЗА ДЕФОКУС ОД БОМБИТЕ НА ЗАЕВ : Линкот на Мијалков и Латас функционира совршено, Латас го промовира новото сценарио на РЕЖИМОТ, ЌЕ СЕ ВРШАТ ОДМАЗДНИЧКИ АКЦИИ ЗА КУМАНОВО И КИДНАПИРАЊЕ НА ПРВИТЕ ЛУЃЕ НА МВР?!

0
1643

Еве како изгледа тоа газење преку мртвите и несреќи. Еден од главните и лидерски куртон медиуми ,,Вечер”  на чело со главниот режимско медиумски протагонист Латас вчера вечер на својот куртон портал објавиле наводни сознанија за можно повторување на сценариото во Куманово и Гошинце иако за тоа официјално од МВР немаат никаква информација нити дојава но Латас и Вечер имаат 😀

Screenshot_6Screenshot_7

Инаку еве за што станува збор и каква режимска лакрдија е на повидок, според текстот во кој е објавен на ,,Вечер” стои дека во Гошинце и Куманово се спремаат акции кои подразбираат киднапирање на високи функционери меѓу кои и првите луѓе на МВР! Ова што го прават Латас и Вечер е неверојатно, во текстот се наведуваат бледи неаргументирани тврдења, потсетување на мал дел од епилогот во Куманово и делот на погребот на убиените припадници на МВР! Што е ова ако не е газење преку мртвите?!

Оваа очигледна паравест на Вечер може да значат само две работи, а тоа е дека власта преку режимскиот медиумски трабант број еден Латас пласираат патка на ,,Вечер”, спин за да се заплаши јавноста со ,,терористите од УЧК” така што вака најлесно би се користиле настаните во Куманово и Гошинце како плашила за народот како што се плашат мали деца, дека ако не се умни ќе ги земе баба Рога или во случајот терористите, или пак второ и уште поверојатно, со оваа вест на ,,Вечер” индиректно се откриваат наредните чекори на власта и ВМРО-ДПМНЕ т.е. новото сценарио за дестабилизација на Македонија со цел дефокусирање на главниот акцент, а тоа се бомбите на Заев кој го разрбетуваат режимот на Груевски од сите страни на нивното владеење институционално и криминално за кои што Европа и светот прв пат слушаат.

Како и да е не се знае што точно мисли авторот од оние горенаведени сценарија ама едно очигледно е познато , а тоа е дека едно од двете сигурно е, а и како тргнале од власта со ваквите нивни дојави ако продолжат вака само ќе ги потврдат сомнежите и анализите од косовските и светските медиуми за владината поврзаност во Гошинце и Куманово, кои пишуваат за вмешаност на екс директорот на УБК Сашо Мијалков и на вработени во самата УБК.

Инаку Власта има голем проблем со притисоците од запад да се испита тоа што се случи во Куманово…но очигледно е дека со ваквите ступидни постови по нивните куртон медиуми кријаат нешто КРУПНО! Незнаеме што е тоа но што и да е јасно е дека во обид да го покријаат прават и ќе направат уште поголема глупост.