ЕКСКЛУЗИВНО: Паника кај народот по најавите за економски санкции и секнување на странските кредити за Македонија, се погласни најавите дека режимот спрема девалвација на денарот и дека банките се пред банкрот?!

0
1038

Огромна паника владее во земјава, се погласни се гласините дека режимот спрема девалвација на денарот поради се помалиот прилив на девизи во Македонија поради ескалацијата на политичката криза и по најавите дека ќе секнат странските кредити за земјава а има гласини и најави за економски санкции по аболицијата на 50 високи владини функционери и градоначалници од ВМРО ДПМНЕ.

Наши читатели ни јавуваат дека овие денови масовно се купуваат евра и се менуваат денарите во странски валути, а има гласини и дека се вадат заштедите од банките затоа што се очекува банкрот на буџетот а токму банките и имаат позајмено една милијарда евра на владата па се поставува прашањето дали банките ќе ги изгорат заштедите на народот во владините режимски забегувања кои ги гледавме десет години?!

Гувернерот на НБРМ пред неколку дена изјави дека е јасно дека поради ескалацијата на кризата дека нема да биде постигнат очекуваниот раст од 4%. На вестите на Канал 5 самиот вице премиер за економски прашања, Хипо, изјави дека се очекува кризата и економските санкции и кратењето на кредитите да се одразат негативно на економијата и макро-економската стабилност.

Светска Банка пред некоку дена најави дека нема да ја пуштаат втората транша кредити за општините поради очекуваните избори кои се најавени за 5-ти јуни. Со оглед на тоа што ЕУ и САД најавија дека изборите нема да бидат признаени ако на нив не учествува и СДСМ и ако не се повлечат аболициите, се стравува дека новата влада нема да биде меѓународно признаена па нема ни да може да се позајмува за поплнување на буџетската дупка и за враќање на долговите кои стасаа до над 4 милијарди евра!

Банките минатата година пријавија максимален профит од над 60 милиони евра од кои речиси пола беа на Стопанска банка која е најпрофитабилна во моментов, но сега се очекуваат лои времиња и за нив затоа што народот нема да може да ги враќа кредитите затоа што се очекува пад на економијата поради кризата, меѓународните санкции, кратењето на странските кредити, претпазливоста на домашните и странските инвеститори затоа што сите се во очекување што ќе се случи со политичката стабилност кога не се знае кој менаџира со МВР, ќе оди ли целата влада во затвор или не, ќе има ли избори или не, ќе има ли признаена влада или итн итн…

Не очекуваат бурни времиња Македонијо!