ЕКСКЛУЗИВНО : ОПШТ РАСПАД НА ВМРО-ДПМНЕ И ВЛАДАТА, ДРАМА ВО СЕДИШТЕТО НА СДСМ – Овие денови, високи функционери на ДПМНЕ, ДУИ и другите коалициски партнери, министри, градоначалници, режимски новинари, директори по агенции, јавни претпријатија, државни секретари, пратеници го опколиле седиштето на СДСМ и го барале Зоран Заев по цел ден во очаен обид да го измолат да не ги објавува нивните телефонски разговори!

0
1670

dpmneuniverzalna

Општа паника владее овие денови во ДПМНЕ и другите владини коалициски партнери. Директори, министри, државни секретари, пратеници, градоначалници, режимски новинари и останати овие денови го опколиле седиштето на СДСМ, барале прием од Заев и Шекеринска, ги барале на телефон по цел ден, молеле да не се објавуваат нивните телефонски разговори.

Дознаваме дека лидерството на СДСМ немале милост кон никого и ги одбивале сите молби и лелеци. Особено малтретирани со молби биле заедничките пријатели на двете страни, роднини кои биле блиски до СДСМ, се користеле сите можни механизми и техники да се измоли да бидат поштедени и спасени од она што ќе им се случи овие денови.

СДСМ планира да објави се што има, па многумина ќе бидат засрамени на јавна сцена за техниките кои ги користеле, сите криминали, престапи и грешки и мешетарења со цел напредок во кариера и придобивање на материјална корист.