ЕКСКЛУЗИВНО : Нови детали за Ивонче Милионче, ќе треба да го помине остатокот од животот во пештера!

0
3012

По објавата на „Фокус“ дека веќе подолг временски период е блокирана трансакциската сметка на Ивона Талевска, главната уредничка на весникот „Вечер“, Доказм дознава дека истата е блокирана веќе најмалку шест месеци.

Освен наплата на околу 1.5оо евра за адвокатски трошоци и судски такси за изгубени два судски спора за клевета и навреда со новинарите Бранко Геровски, Мери Јордановска и Јадранка Костова, од сметката на Ивончето треба да бидат наплатени и „два пари гаќи“ односно околу 1.000 евра и за изгубен судски спор и со пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, кого го тужеше за напишан Фејсбук статус.

Како тргнала работава Ивончето или ќе оди без гаќи или ќе треба да носи плетени.