ЕКСКЛУЗИВНО: ЛАТАС СЕ РАЗВЕДУВА, ПОЧНУВА ЖЕСТОКА БИТКА СО ЕКС СОПРУГАТА ЗА ИМОТОТ ВРЕДЕН НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА!

0
3970

Мактел од извори блиски до екс сопругата на Латас, Марија Павловиќ, дознава дека таа овие денови започнала брако-разводна постапка преку адвокатот Александар Тортевски.

Дознаваме дека почнува жестока битка меѓу Марија и Латас за имотот вреден неколку милиони евра!

Имено тие заеднички имале околу десетина станови во земјата, голема куќа т.е ранч во Зелениково и три скапи џипови како и неколку хектари земја во Зелениково и Кожув. Исто така имале голема парична заштеда во две банки, Тутунска и Централна Кооперативна во износи од неколку десетици илјади евра!

Дознаваме дека намерата на Марија била да и остави што помалку имот на Ивона затоа што се плашела дека Ивона ќе се обидела да го приграби сето тоа за себе како идна сопруга на Латас…

Дознаваме дека во оваа фаза низвните две деца застанале на страната на нивната мајка.