ЕКСКЛУЗИВНО: ИВОНА УШТЕ НЕ ГИ ВРАТИЛА ПАРИТЕ ШТО И ГИ ОДРЕДИ СУДОТ ЗА ДА НЕ ОДИ ВО ЗАТВОР!

0
1560

Прво да се потсетиме за целата разврска за случајот Тифани која се случи пред 5 месеци:

Основниот суд Скопје 1 ја осуди на условна казна уредничката на ТВ Сител, Ивона Талевска за случајот „Тифани“. Таа нема да помине две години во затвор, доколку во наредните четири не стори ново кривично дело. 

Наместо ефективна казна затвор судот се одлучил за алтернативна мерка, условна осуда за Талевска заради нејзиното добро поведение и фактот што Талевска признала вина за даночното затајување. Со пресудата на Основниот суд обвинетата во рок од еден месец треба да плати казна во висина од 1.000 евра, делот за трошоците за вештачењето, а во период од една година треба да го надомести затаениот данок, односно сумата која Специјалното јавно обвинителство ја прецизираше во обвинението.

СЈО по изрекување на пресудата нагласи дека се задоволни од признанието на вина, а за поднесување жалба на одлуката на која имаат право само во делот на висината на казната. 

Од СЈО рекоа дека прво ќе почекаат да добијат писмен примерок од изречената пресуда.

Обвинетата новинарка Ивона Талевска за случајот „Тифани“ кој го води СЈО денеска признала дека е виновна и дека не плаќала даноци.

Имено таа признала вина дека како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2,3 милиони денари или 37.634 евра преку фирмите и еден милион денари денари или 16.924 евра личен данок

Според обвинението, Талевска како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“ во периодот од 2008 до 2014 година за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично.

Ивона не регистрирала приходи во годишните даночни пријави.

Специјалното јавно обвинителство до Апелациониот суд поднело жалба за висината на казната за предметот „Тифани“, дознава „Макфакс“. 

Апелациониот суд за 9 јули, понеделник, закажа седница на која ќе ја разгледува жалбата на СЈО за предметот „Тифани“ во кој кривичниот суд ја осуди на условна казна новинарката од „Вечер“ и „Сител“, Ивона Талевска.