ЕКСКЛУЗИВНО : ГРУЈО Е ПОД НЕВИДЕН ПРИТИСОК, се очекува формирање на експертската влада, и попуштање на Грујо кој е под силен притисок на Германија,САД ,Брисел,Меѓународната Заедница, НИКАКВИ ЕГЗЕКУТИВНИ ТЕЛА И НИКАКО ОСТАНУВАЊЕ НА ГРУЕВСКИ КАКО ПРЕМИЕР ВО ИДНИНА!

0
1103

grujo(8)

Од извори на СДСМ , Народен Глас дознава дека политичкиот дијалог е веќе пред самиот крај, нервите на премиерот веќе попуштаат а исто и на странските дипломати кои го брифираат нашиот портал во врска со целиот политички дијалог, кој исто така тврдат дека лидерот на опозицијата на СДСМ Зоран Заев цврсто останува на своите барања за враќање на институциите во нормала и на експертската влада како услов и гаранција за фер и демократски избори.

Премиерот Груевски се очекува да биде под жесток притисок од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан , кој во Скопје треба да допатува на лидерската средба во вторник.

Поради чувствителноста на преговорите и целиот процес одредени медиуми ја туркаат тезата дека постои можност за некакви егзекутивни тела како решение за излез од кризата, од извори на Народен Глас на Бихаќка велат дека таквите шпекулации за наводно останување на Груевски како премиер во експертската влада се несериозни и неточни и дека преговорите сеуште не се дојдени до точка на компромис поради тврдоглавоста на премиерот, но се очекува брза разрешница на целата ситуација за скоро, а по посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во вторник многу работи ќе бидат кристално јасни.