ЕКСКЛУЗИВНО: Груевски вчера на „отчетот“ БЕЗОБРАЗНО ЛАЖЕШЕ, СУШЕШЕ за протестите од 5 мај, неговата „анегдота“ е измислена!?

0
1221

Груевски иЗа време на вечерашниот отчет на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата, Никола Груевски, освен што ги навреди демонстрантите кои протестираа пред Владата на 5 мај и бараа одоговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски, нарекувајќи ги ХУЛИГАНИ, тој и ИЗЛАЖА!

При кажувањето на вчерашната инвестициска анегдота, Груевски освен тоа што откри дека воопшто не бил загрижен за убиството на Нешковски, тој излажа дека во моментите непосредно пред наводната средба со мистериозните инвеститори полицијата била нападната.

Груевски, иако на почетокот не беше сигурен за датумот(за што бараше потврда и од Виктор Мизо), сепак потоа детално елаборираше дека седницата на владата ја привршил во 19 часот и 45 минути(5 мај), се качил во канцеларијата и ги примал извештаите што се случувало надвор -„Колку многу има повредени полицајци, колку многу има изливи на хулиганство“ – вели Грујо на вчерашниот „Отчет“. ОВА НЕ Е ТОЧНО! ОГРОМНА ЛАГА!

Сите што учествуваа на протестите од 5 мај, минатата година, вклучително и членовите на редакцијата на Мактел, знаат дека судирите помеѓу полицијата и демонстрантите се случија по 21 часот, пред што немаше никави судири, ниту пак повредени полицајци, за кои Груевски „добивал извештаи“.

За тоа дека судирот помеѓу полицијата и демонстрантите се случи по 21 часот потврдуваат и медиумските извештаи од таа вечер, кои може да ги погледнете ОВДЕ.

И од официјлните снимки кои ги објави МВР може да се види дека судирите се случуваат по 21 часот, односно пред 22, а не во 20 часот, или пред тоа.

видео 3

Оваа лага на Груевски, очигледно, вчера му беше потребна за пропагандна експлоатација, односно создавање на лажна слика пред партиските членови и македонската јавност дека неговата инвестициска политика е толку добра, што и драматични моменти, од типот на судири помеѓу граѓани и полиција, не можат да го поколебаат странскиот инвеститор од одлуката да инвестира во Македонија. Станува сосема веројатно дека и самата средба со инвеститорите (Џонсон контролс) се случила некој друг ден, а не на 5 мај 2015 година, а Груевски да ја измислил целата „анегдота“.

Видеото со анегдотата може да го погледнете ОВДЕ