ЕКСКЛУЗИВНО : ВИСТИНСКА ДРАМА ВО БИТОЛА, ИНВОЛВИРАНИ ВО АФЕРАТА ,,ТРАНСПОРТЕР” СЕ ЖАЛАТ НА ЗАКАНИ СО ФИЗИЧКИ ЛИКВИДАЦИИ

0
1336

Од извор на Општина Битола дознаваме дека дел од вработените во општинската зграда задолжени токму за ангажирање на превозниците за учениците во Битола но и други инволвирани каде бројот се проширува се под сериозни закани за физички ликвидации од страв за да не се прошири истрагата која ја истражува СЈО.

Според нашите извори за аферата ,,Транспортер” веќе е видливо дека во владејачката партија владее вистинска хаварија, хаос и немир од одлуката за изрекувањето притвори од судија на претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје како и последното барање на СЈО за конфискација на имотот на градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Паниката но и револтот, велат нашите извори, е особено присутна меѓу дел од вработените во Општина Битола поради двојниот аршин и на претседателот Ѓорѓе Иванов кој едни ги аболицира а други ги пушта по вода и ги остава да гнијаат во затвор и тоа за помало сторено кривично дело.

Нашите соговорници велат дека по отворањето на „Трaнспортер“, административците барале да го доискористат ланскиот одмор, а некои од нив побарале боледување поради кревкото здравје. Според неофицијалните информации, паниката кај општинската администрација е особено присутна кога се работи за потпишување документи за постапки поврзани со јавни набавки.