ЕКСКЛУЗИВНО : Братучетката на Никола Тупанчевски, судијката Лидија Петровска молела нејзиниот син да учи во ист клас со ќерката на Груевски

0
2762

Судијката Лидија Петровска пред почетокот на школската година упорна била во ургирањето за нејзиното дете, синот Е. П. да учи во истиот клас со ќерката на Груевски. Нејзините напори вродиле со резултат- нејзиното дете сега е во ист клас со С.Г. ќерката на Груевски, во основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје.

Оваа информација дополнително упатува на поврзаноста наклонетоста на Судијката Лидија Петровска кон Груевски.

Братучедот на оваа судијка е претседател на задграничен комитет на ДПМНЕ во САД, во Њу Џерси. Тој ургирал во врвот на ВМРО-ДПМНЕ кај високи функционери , за Лидија Петровска да биде избрана за судијка.

А од снимките кои ги објави лидерот на опозицијата Заев граѓаните дознаа дека таа и купувала на Лидија Неделковска подароци –накит Сваровски.