ЕКСКЛУЗИВНО – БОМБА НА ДОКАЗМ : Груевски преку Муса Џафери испратил понуда за формирање влада до лидерот на ДУИ Али Ахмети, ШИРОКА КОАЛИЦИЈА, МВР НА ДУИ, А ЗА СДСМ 5 ДО 6 МИНИСТЕРСКИ РЕСОРИ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ЗАЕДНО СО ЛОКАЛНИ НА ЕСЕН!!!

0
5086

Порталот Доказм вчера објави информации поврзани со средбата помеѓу Никола Груевски и Муса Џафери во хотелот Радика во Леуново, во продолжение на овие средби порталот ги објавува и деталите од таа средба помеѓу Никола Груевски и Муса Џафери кои Муса треба да ги испорача до лидерот на ДУИ Али Ахмети за формирање влада со ВМРО-ДПМНЕ :

Според порталот ДоказМ Никола Груевски испратил понуда за формирање влада до ДУИ и до Али Ахмети преку Муса Џафери со барање за нов политички договор кој би бил Пржино 3, потоа барал широка коалиција во која нема да бидат БЕСА, премиер кој ќе ја води владата на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и МВР да го добие ДУИ покрај други 4 било кои министерски ресори додека пак на СДСМ да им се дадат 5 до 6 министерски ресори во таква широка влада.

Потоа Никола Груевски до Муса Џафери предложил да се одложат локалните избори до есен и да се одржат нови избори парламентарни сосе локалните избори заедно кој според нив би се одржале некаде воОктомври каде би одиграле улога и 200 000 000 евра во кеш.

За Ахмети, Муса и 10-те пратеници односно како милува Ахмети да ги распредели го убедувал дека така со ресорите на Финансии и МВР како и премиер би ја повратиле загубата која ја претрпеле на последните парламентарни избори одржани на 11-ти декември 2016-та година каде ДУИ беше буквално растргнат од страна на БЕСА и СДСМ.